Замена и враќање
Сакаме да бидете целосно задоволни од купувањето. Доколку производот не одговара, можете да го замените или вратите во рок од 30 дена од денот на приемот.
Услови за замена или враќање
- Производот да не е користен и да е во оригинално, неоштетено пакување.
- Производот може да се врати исклучиво со фискална сметка.
- Производи од хигиенска природа (пумпи за гради, цуцли, шишиња, козметика итн) не подлежат на враќање доколку се отворени.
Како да направите замена или враќање
- Пишете ни на info@topolino.mk или јавете се на 077 530 020 и наведете го бројот на нарачката.
- Ќе договориме преземање на производот преку курир.
- По приемот и проверката, доколку со производот е се во ред, Ви испраќаме замена или ги враќаме средствата во рок од 7 работни дена.
Рекламации
За производи со фабричка грешка важи гаранцијата на производителот. Опишете го проблемот со зборови и испратете ни слики или видео од производот на info@topolino.mk и ќе го решиме проблемот најбрзо што можеме.